
Рачна антицелулитна масажа
Рачна антицелулитна масажа
Традиција споена со врвна природна нега
Рачната антицелулитна масажа претставува традиционален, но исклучително ефикасен третман кој преку прецизни и динамични техники делува длабински, врз поткожното масно ткиво. Овој третман не само што го обликува телото, туку директно влијае на структурата и здравјето на кожата.
|
|
|
|
Зошто рачната техника е сè уште незаменлива?
Со внимателно избрани движења, третманот ја стимулира циркулацијата и лимфната дренажа, помагајќи во разградување на целулитот и елиминација на задржаните течности.
- Разградување на упорниот целулит и масните наслаги.
- Елиминација на токсините и вишокот задржани течности во организмот.
- Зацврстување на кожата, правејќи ја помазна и порамномерна уште по првите неколку сесии.
Во Skin Cleanic, третманот се изведува со специјално селектирана линија од Mokosh Cosmetics – природна, висококвалитетна козметика богата со активни состојки кои дополнително ја хранат, ревитализираат и регенерираат кожата. Оваа комбинација на техника и премиум нега овозможува уште поинтензивни и долготрајни резултати.
|
Придобивки од редовни третмани:
Секоја масажа се изведува со индивидуален пристап и прилагоден интензитет, со цел да се постигнат максимални резултати, а воедно да се задржи чувството на удобност и релаксација.
- Видливо намален целулит и масни наслаги.
- Подобрен тонус и зголемена еластичност на кожата.
- Подобра циркулација и чувство на леснотија во телото.
- Целосна детоксикација на организмот и поубав изглед на кожата.
Овој третман претставува совршен баланс помеѓу традиционална техника и луксузна, природна нега – за видливо поубава и негувана кожа.
|
|
Кажи му збогум на целулитот
Закажи рачна масажа во SkinCleanic и почуствувај ја разликата