Ласерска епилација од иднината: Запознајте го Lamis XL
Ласерската епилација во SkinCLEANic не е обичен козметички третман – тоа е медицинско-естетски пробив. Со помош на ласерот Lamis XL, нудиме технологија која е неколку чекори пред своето време, овозможувајќи максимална ефикасност притоа гарантирајќи апсолутна удобност.
LAMIS XL е премиум ласер кој користи напредна диодна технологија, гарантирајќи висока прецизност при таргетирање на фоликулот на влакното. Благодарение на напредната густина на енергија, видливи резултати се постигнуваат по само неколку третмани, со значително намалување на влакната уште по првата сесија.
Овој метод е дизајниран да биде безбеден, безболен и ефикасен за различни фототипови на кожа и нијанси на влакна. Без иритации, без црвенила и со долготрајни резултати – ова е вистинската инвестиција во вашата самодоверба.
|
|
|
|
Зошто Lamis XL е изборот на професионалците?
Третман со троен ефект: брзо и трајно ги отстранува влакната, додека системот за ладење гарантира максимална удобност. Истовремено, технологијата ја подмладува и затегнува кожата, правејќи ја совршено мазна и регенерирана.
- Безбедност: Уредот е клинички тестиран и регистриран со контролирана длабочина на пенетрација.
- Без иритации: Моќното ладење спречува појава на изгореници или црвенило.
- Трајност: Инвестиција во кожа која засекогаш останува мазна.
|
Повеќе од епилација: Подмладувачки ефект
Уникатниот паметен систем на Lamis XL комбинира два вида зрачење. Додека едниот го елиминира влакното, другиот делува на горните слоеви на кожата:
- Ја стимулира продукцијата на колаген.
- Ја подобрува микроциркулацијата и лимфниот проток.
- Ја зголемува еластичноста на кожата, оставајќи ја затегната и нежна.
|
|
Закажи епилација со Lamis XL и почуствувај ја слободата